Рудникот обезбеди комунална опрема за Бучим и Тополница и спроведе тридневна акција за чистење на речното корито во Тополница, како продолжение на пролетната интервенција.
Рудникот Бучим, во соработка со Општина Радовиш, донираше 20 контејнери за комунален отпад, по десет за населените места Бучим и Тополница. Со донацијата се унапредува комуналната инфраструктура во двете населени места и се обезбедува поддршка на Општината во обезбедувањето поквалитетни комунални услуги за жителите.
Покрај донацијата, рудникот со ангажирање на сопствени ресурси спроведе тридневна акција за расчистување на речното корито во Тополница. Акцијата претставува продолжение на интервенцијата реализирана во пролетниот период, при што беа отстранети наталожени пластични шишиња, амбалажа и други отпадни материјали.
Двете активности меѓусебно се надополнуваат – со расчистувањето се отстранува постојниот отпад, додека со поставувањето на дополнителните контејнери се создаваат подобри услови за негово организирано собирање и долгорочно одржување на јавната хигиена.
Во рамките на својата ESG стратегија, Бучим посветува особено внимание на еколошките и социјалните аспекти во средините во кои ја извршува својата дејност. Преку соработка со локалната самоуправа и препознавање на потребите на населението, компанијата ги насочува своите ресурси кон проекти што придонесуваат за подобрување на јавните услуги, зачувување на природните ресурси и унапредување на квалитетот на живот на жителите.
Ваквиот пристап е основа за градење долгорочни партнерства со локалните заедници, засновани на разбирање на нивните потреби и обезбедување конкретна поддршка во рамките на можностите на компанијата.








