Корпоративна култура со поширока вредност

септември 17, 2026

Луѓето се основата на секое одржливо работење, а грижата за нив подразбира да се препознаат и моментите што имаат посебно значење за нивните семејства.

По повод почетокот на новата учебна година, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш за првпат организираше иницијатива за децата на своите вработени кои годинава го започнуваат основното образование. Вкупно 14 првачиња добија пригодни подароци по повод нивниот прв училишен ден.

Активноста е дел од пристапот на Бучим кон градење работна средина во која вработените се препознаваат како најважен дел од долгорочниот развој на компанијата. Покрај безбедноста, професионалниот развој и унапредувањето на условите за работа, овој пристап вклучува и иницијативи насочени кон благосостојбата, семејството и чувството на припадност.

Како компанија со долгогодишно присуство во регионот, Бучим континуирано го развива својот пристап кон одговорно и одржливо рударство, во кој инвестициите во технологијата и производството одат паралелно со инвестициите во луѓето.

Поддршката на 14-те првачиња е мала иницијатива по својот обем, но дел од една поширока определба – компанијата да биде присутна и во значајните моменти за луѓето кои секојдневно придонесуваат за нејзиниот развој.

На сите наши првачиња им посакуваме успешен почеток и многу успех на нивниот образовен пат.